Четириесет и петгодишен лекар во гостиварската болница е осомничен дека продавал лажни негативни ПЦР-тестови за ковид-19.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, соопштија дека денеска поднеле кривична пријава против Е.М од гостиварско Чегране подари основи на сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
„Е.М. се сомничи дека на 7 и 9 овој месец, како лекар во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’, на две лица од Гостивар им изготвил лажни негативни ПЦР-тестови за патување во странство. За тоа тој им наплатил 3 000, односно 1 500 денари или вкупно 4 500 денари“,
информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Е.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, по што ќе биде однесен пред јавен обвинител.
