Педесетгодишен кумановец синоќа бил лишен од слобода на наплатната рампа Смоквица, затоа што во неговото возило биле пронајдени четири лица – мигранти од Куба, информира Министерството за внатрешни работи.
„Синоќа, во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба“,
соопштуваат од МВР.
Лицата биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а против кумановецот полицијата најави дека ќе поднесе соодветна пријава.