Од СВР Скопје информираат дека по документирање на случајот, против Х. К. ќе биде поднесена соодветна пријава

Триесет и седумгодишен скопјанец е лишен од слобода поради предизвикана сообраќајна несреќа со смртни последици, по што избегал од местото на настанот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 12:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.
Лицето Х. К. (37) од Скопје, управувајќи патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во 78-годишниот Ј. Ќ. од Скопје кој бил со велосипед.
Велосипедистот од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Веднаш по несреќата, возачот на „пасатот“ го оставил возилото и заминал од местото.
По преземени мерки, полициските службеници од СВР Скопје успеале да го пронајдат и да го лишат од слобода Х. К.
Од СВР Скопје информираат дека по документирање на случајот, против Х. К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
