Во текот на оваа година неколкупати ѝ побарал пари. Таа во два наврати му дала вкупно 800 евра, но тој и понатаму продолжил со уцените
Од слобода е лишен 20-годишен тетовец што уценувал малолетничка, со која бил во љубовна врска претходните три години, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму велат дека во текот на оваа година неколкупати ѝ побарал пари за да не објави нејзин и експлицитни фотографии на социјалните мрежи. Таа во два наврати му дала вкупно 800 евра, но тој и понатаму продолжил со уцените.
„Вчера во 14 часот во Тетово е лишен од слобода Р.Р. (20) поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од Тетовско“,
се вели во полицискиот извештај.
Случајот во полиција го пријавила мајката на малолетничката.
„Р.Р. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава“,
информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.