Сите официјални претставници добиваат профил на Твитер што можат да го користат додека се на функција, а кога им завршува функцијата тие се архивираат со сите содржини
Трамп секогаш твиташе од својот профил
Твитер објави дека на денот на инаугурацијата на новиот претседател, на администрацијата на Џозеф Бајден ќе и предаде профил @POTUS кој е официјален профил на Претседателот на САД и е сосема различен од оној кој цело време го користи актуелниот претседател Доналд Трамп @realDonaldTrump.
Ова исто така се однесува и на десетици други официјални профили што ќе ги добијат членовите на администрацијата како @FLOTUS и @PressSec accounts.
„Твитер активно се подготвува за поддршка на транзицијата на официјалните Твитер профили на 20 јануари 2021 година за функционери од Белата куќа. Како што тоа беше направено во 2017, овој процес се спроведеува во соработка и консултации со Националната администрација за архиви и досиеја“,
се вели во изјавата од Твитер.
Во архивите може да се најде профилот што го користеше претходникот на Трамп, Барак Обама како @POTUS44.
