Турскиот министер за земјоделство и шумарство изјави дека се сомневаат во начинот на кој настанале пожарите бидејќи симптоматично е што што огновите избувнале речиси истовремено
Од 28 јули турските пожарникари се борат со пламените јазици кои ги зафатија регионите кај Бодрум и Мармарис. Бројот на загинати се искачи на осум, повредени се стотина луѓе, а огромен број туристи и локално население беа евакуирани.
Метеоролозите предвидуваат дека следните денови температурата да се искачи над 40 степени Целзиусови, со што се зголемува ризикот од избувнување на нови пожари.
Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, како што пренесоа турските медиуми, изјави дека се сомневаат во начинот на кој настанале пожарите бидејќи симптоматично е што што огновите избувнале речиси истовремено.
Според неговата изјава, од 28 јули се појавиле вкупно 112 пожари од кои локализирани се 107.