Според турскиот професор Исмаил Балак, производството на вакцината е исклучително важно од гледна точка на намалување на зависноста од увоз од други земји
Турција ќе почне со производство на руската вакцина „спутник В“ наесен, најави турскиот професор Исмаил Балак, во изјава за весникот „Туркгун“.
„Производството на вакцината е исклучително важно од гледна точка на намалување на нашата зависност од увоз од други земји“,
рече тој.
Тој додаде дека постои фабрика во Турција, во која условите за производство на препаратот се идеални. Поради тоа, како што наведе, вакцината ќе може да се произведува под сите безбедносни услови.
Балак истакна дека кога ќе се аплицираат две дози од „спутник В“, лицата се заштитени 97,6 проценти од ковид-19.
Договорите за набавка и заедничко производство на „спутник В„ беа склучени пред неколку месеци. На 26 април беше објавено дека турската фармацевтска компанија „Вискоран“ ќе ја произведува руската вакцина „спутник В“ во своите погони.