Разговорите помеѓу Украина и Русија треба да се случат на 15 мај, в четврток, во Истанбул
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е подготвена да ја даде потребната поддршка во секоја фаза од преговорите меѓу Украина и Русија, пренесуваат турските медиуми.

соопшти кабинетот на Ердоган.
„Волјата на Русија и Украина за продолжување на директните преговори е исклучително важна. Турција е подготвена да ја обезбеди потребната поддршка во секоја фаза од процесот“,
Ердоган изрази задоволство што Турција ќе биде домаќин на руската и украинската делегација и додаде дека сеопфатниот прекин на огнот ќе ја обезбеди потребната средина за почеток на мировните преговори.
Зеленски му се заблагодари на претседателот на Турција за неговата поддршка и подготвеноста да ја промовира дипломатијата на највисоко ниво.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи властите во Киев да ги продолжат директните преговори, кои беа прекинати во 2022 година, а почетокот на дијалогот да биде на 15 мај во Истанбул.
Американскиот претседател ѝ порача на Украина веднаш да прифати разговори бидејќи Западот по нив барем ќе знае на што е, иако самиот тврдеше дека почнува да се сомнева оти е можен договор со Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен лично да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в четврток во Истанбул за да разговараат за завршување на војната.
Рече дека го поддржува предлогот на американскиот претседател Трамп за директни преговори со Владимир Путин.
Посочи дека веќе изразил целосна подготвеност за средбата.
„Ќе бидам во Турција. Се надевам дека Русите нема да ја избегнат оваа средба“,
напиша Зеленски на Икс.