Од СВР Куманово соопштуваат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристичка агенција со турски национални ознаки излетал од патот
Турски автобус полн со патници попладнево се превртел кај населбата Долно Коњаре на крстосницата на автопатот Куманово – Белград, објави ТВ 24.

Според првичните информации три лица се здобиле со полесни повреди. Очевидци на инцидентот изјавиле дека автобусот се исклучил од автопатот и кога се вклучил на магистралниот пат кон Крива Паланка, од непознати причини излетал од патот и се превртел.
Од СВР Куманово соопштуваат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристичка агенција со турски национални ознаки излетал од патот.