Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика, при што посочи дека новата инвестиција е доказ за економската доверба во земјава
Турската компанија „Чатагај кабло“ денеска во Технолошко-индустринската развојна зона Скопје постави камен-темелник за изградба на нова фабрика во која ќе бидат отворени до 200 нови работни места.
Објектот ќе се протега на површина од 10 илјади квадратни метри, а инвестицијата изнесува шест милиони евра.

Оваа турска компанија произведува жици и кабли за автомобилска индустрија. Ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика, при што посочи дека новата инвестиција е доказ за економската доверба во земјава.
„Секој ваков почеток, не е добар само за компанијата, туку и за локалната заедница, националната економија и за иднината на секој млад човек што сака да остане тука“,
кажа тој.
Посочи дека со изградбата на новата фабрика ќе се отворат нови 200 работни места, што ќе работат тука во производствените капацитети на компанијата.