Министерот за правда Никола Тупанчески во разговор за „А1он“ изјави дека не ги платил билетите за чартер-летот и за влез на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето, ја платил по четири дена по одржувањето на натпреварот.
Тупанчески, сепак, и натаму смета дека не го прекршил Етичкиот кодекс, во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци и под кои услови.
„Чартер-летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што, и да сакате да биде вклучен чартер-летот, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето. Начинот или селекцијата на луѓето коишто патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата. Дури морам да ви кажам дека и овој дел којшто е платен, е платен на мое инсистирање бидејќи мислев дека така треба да биде“,
вели Тупанчески за „А1он“.
На прашање дали го платил ВИП-билетот, тој истакна дека и да сакал да го плати не можел бидејќи тоа било билет без цена.
„Ајде уште еднаш, зборуваме за процедура којашто однапред е утврдена од страна на Фудбалската федерација. Тие имаат клуч на кој начин ги добиваат. Картата која јас ја имав добиено гласи на мое име и е 00 евра. Дали ме разбирате? Практично, и да сакате, има и за тоа доказ, дека картата е без цена“,
изјави Тупанчевски.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
