Полицискиот час воведен во Тунис во октомври е продолжен до 31 декември, соопшти денеска тамошното Министерство за здравство.
Движењето е забрането од 20 часот навечер до 5 часот наутро во текот на целата недела, а маските се задолжителни.
Кафулињата можат да бидат отворени до 19 часот, но од 16 часот сопствениците треба да ги отстранат столчињата за да нема собирање.

Полицискиот час беше воведен на почетокот на октомври во неколку градови во Тунис, но на крајот на октомври беше одлучено да биде на целата територија на земјата.
Училиштата се отворени, но учениците посетуваат физичка настава секој втор ден за да се намали концентрација на голем број ученици во исто време.
Тунис, со околу 11 милиони жители, го надмина прагот од 100 000 заразени во четвртокот. Од почетокот на епидемијата, во оваа земја починале 3 526 лица.
