„Ние сме со вас на секој чекор од тој пат“, напиша таа на Икс
Еврокомесарката за проширување Марта Кос на социјалната мрежа Икс упати честитка до македонските граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста.

„Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат“,
вели таа во честитката на Икс.
Congratulations to the people of 🇲🇰 North Macedonia on their Independence Day!
— Marta Kos (@MartaKosEU) September 8, 2025
I strongly support your path towards joining our 🇪🇺 Union.
We’re with you every step of the way. 🤝 pic.twitter.com/j5VarCaM7k
Кос минатиот месец оствари средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, по што рече дека е важно да се испорачаат преостанатите обврски и земјата да продолжи напред во процесот на пристапување во Европската Унија.
Во објава на социјалните мрежи, Кос вели дека заедно со Муцунски имала отворен разговор во однос на следните чекори кон европскиот пат на земјата кој, како што кажа, таа силно го поддржува, како и за Планот за раст.
Честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста на државата упати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, посочувајќи дека Европската Унија останува посветена на заедничката иднина, но и на европскиот пат на Северна Македонија.