Ние уште пред неколку месеци најавивме дека оваа сезона се очекуваат поплави затоа што ова е една од најсушните години во последните неколку децении и имавме и неколку координативни состаноци и со ЈП „Водостопанство“, но и со претставници на локалната самоуправа, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов
Каде некоја вода се излеала, Центрот за управување со кризи ги добива информациите од локалната самоуправа или од други надлежни институции. Потоа, доколку се појави некаде потреба да се интервенира, а нема интервенија од локалната самоуправа, која што можеби е надлежна или од некоја државна институција која што е надлежна, ЦУК бара интервенција, координира, прави листа на приоритети по потреба, објасни директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција.
„Од поплава штити Јавното претпријатие ‘Водостопанство’, кое што тогаш кога нема поплави ги чисти каналите за одводнување. Ние уште пред неколку месеци најавивме дека оваа сезона се очекуваат поплави затоа што ова е една од најсушните години во последните неколку децении. Ние предупредивме, имавме и неколку координативни состаноци и со ЈП ‘Водостопанство’, но и со претставници на локалната самоуправа“,
истакна Ангелов.
Тој додаде дека каналите коишто се надвор од урбаната зона ги чисти „Водостопанство“, а каналите коишто се урбаниот дел во самите општини се надлежност на јавните комунални претпријатија.
Тој во име на ЦУК упаи апел до граѓаните, како што рече, да ја научат лекцијата, бидејќи поради неисчистени терцијални канали на неколку места дојде до излевање на водата и водата прави големи штети и на земјоделското земјиште, но и на објектите, особено на куќите во кои што водата навлегува.
