Вчера, како што информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, имало 29 пожари на отворено и сите се изгаснати
Во врска со пожарот кој вчера доцна попладне избувна и беснешее кај Липковско на линијата од селата Слупчане – Ваксинце во насока на Алачевце, од ЦУК утрово информираа дека е локализиран ноќеска околу полноќ
Пожарот кој утрово повторно се разгоре кај Штип и се ширеше кон селото Драгоево е целосно изгаснат, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Пожарот во близина на Штип, покрај патот кон Радовиш избувна вчера доцна вечерта и зафати површина од 130 до 150 хектари. Тој бил локализиран ноќеска околу 2:00 часот, но, како што информираа од ЦУК, утрово повторно пламнал. По интервенцијата на надлежните, тој сега е целосно изгаснат.
Во врска со пожарот кој вчера доцна попладне избувна и беснешее кај Липковско на линијата од селата Слупчане – Ваксинце во насока на Алачевце, од ЦУК утрово информираа дека е локализиран ноќеска околу полноќ.
„Во овој момент нема горење, но поради опасност од повторна појава и ширење на пожарот екипа на ТППЕ Куманово се наоѓа на терен“,
информира утрово Ангелов.
Активни пожари на отворено, како што соопшти Ангелов, во земјава во овој момент нема.
Вчера, додава тој, имало вкупно 29 пожари на отворен простор и сите се изгаснати.