Четири пожари се под контрола, а 21 пожар се изгаснати
До 7 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор од кои три се активни, четири се под котрола, а 21 пожар се изгаснати, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите над селото Бенче во Македонски Брод, кај селата Малино, Танушевци и Лукаре на територија на општините Чучер Сандево и Липково и кај прилепското село Дабница.
Под котрола се пожарите на планината Кожуф, на градската депонија во Делчево, кај селото Марково Сушица во општина Студеничани и кај дебарското село Долгаш.
Изгаснати се 21 пожар на отворен простор:
- Општина Арачиново: Клучката во Арачиново (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Арачиново: с.Грушино (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Бутел: бул.Словенија (ниска вегетација);
- Општина Студеничани: с.Батинци (ниска вегетација и мешана шума);
- Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума);
- Општина Гостивар: нас.Циглана (Ѓубре);
- Општина Теарце: с.Лешок (ниска вегетација);
- Општина Брвеница: с.Теново (ниска вегетација);
- Општина Долнени: с.Ропотово (ниска вегетација);
- Општина Пробиштип: ул.Доне Божиново (ниска вегетација).
- Општина Куманово: Автопат Куманово-Скопје (ниска вегетација).
- Општина Струга: с.Ложани (ниска вегетација);
- Општина Дебар: ХЕЦ-Глобочица (ниска вегетација);
- Општина Струга; с. Велешта (сува трева)
- Општина Крушево: с.Свето Митрани (ниска вегетација);
- Општина Крушево: с.Норово (ниско стеблеста шума и сува трева);
- Општина Куманово : с. Романовце( сува трева)
- Општина Куманово : Агино село (сува трева)
- Општина Чучер Сандево 2: с.Бразда (ниска вегетација);
- Општина Бутел: с.Љуботен (сува трева)
- Општина Куманово ;Куманово- Скопје кај Мак петрол (сува трева)