Изгаснати се вкупно 21 пожар на отворен простор
До 18 часот попладнево во државата се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив шест се активни, под контрола е еден, а изгаснати се 21 пожар.

Активни се пожарите кај Дрџински рид во село Русиново, Беровско, кај селото Никуштак во Липково, кај селата Варвара и Драчевица во Општина Студеничани, помеѓу селата Муртино и Банско во Струмица, кај тетовското село Фалише и кај село Секирци во Долнени. Зафатени се главно нискостеблеста шума и вегетација и мешана шума.
Под контрола е пожарот на депонијата Вардариште во Гази Баба.
Изгаснати се вкупно 21 пожар на отворен простор:
- Општина Чешиново-Облешево: с. Спанчево (ниска вегетација и ѓубриште)
- Општина Тетово: кај Карго Испрес (ниска вегетација)
- Општина Струмица: с. Куклиш (ѓубриште и ниска вегетација)
- Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација)
- Општина Битола: с. Цапари (ниска вегетација)
- Општина Ресен 1: место викано Порој (ниска вегетација, бандера, јаболкови насади)
- Општина Струга: с. Ложани (ниска вегетација)
- Општина Струга 2: с. Белица (ниска вегетација)
- Општина Струга 3: с. Корошишта (ниска вегетација)
- Општина Ѓорче Петров: ул. Шар Планина (ѓубриште)
- Општина Гази Баба: с. Раштак (ниска вегетација)
- Општина Гази Баба 2: Камник (ниска вегетација)
- Општина Сопиште: с. Јаболци – Говрлевска Краста (ниска вегетација)
- Општина Сарај: с. Рашче (ниска вегетација)
- Општина Делчево: с. Косово Дабје (догорување од претходен пожар)
- Општина Кочани: ул. Охридска (ниска вегетација)
- Општина Липково: с. Оризаре и с. Слупчане (мешана шума и ниска вегетација)
- Општина Куманово 1: нас. Ајдучка Чешма (ниска вегетација)
- Општина Куманово 2: нас. Пуковско (ниска вегетација)
- Општина Куманово 3: с. Шупли Камен и с. Доброшане (ниска вегетација и врби)
- Општина Старо Нагоричане: с. Младо Нагоричане, маало Бузанци (ниска вегетација и кровна конструкција од плевна)