Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи опожарени се магацин и хала со хемикалии

Регионалниот центар за управување со кризи Македонски Брод информираше дека настанал пожар во населбата Самоков, во фабриката за муниција и оружје „АТC AMMO“.
Според нивните информаци, опожарени се магацин и хала со хемикалии.
Центарот за управување со кризи соопшти дека пожарот е брзо локализиран и целосно изгаснат.
Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во ниту еден момент немало опасност од ширење на огнот кон останатите објекти на фабриката.
Електричната енергија во фабриката беше исклучена како мерка на претпазливост.