Од Центарот велат дека изгаснати се пожари во повеќе региони низ земјата каде се интервенирало на запалена ниска вегетација, стрништа, ѓубре и диви депонии

Во текот на изминатите 24 часа на територијата на државата биле регистрирани 26 пожари на отворен простор, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според последните податоци, во моментов нема активни пожари.
Пожарникарите успеале целосно да локализираат и да изгаснат 25 пожари. Под контрола е ставен еден пожар, во Крива Паланка каде гори депонијата за комунален отпад која се наоѓа во непосредна близина на општината.
Од ЦУК велат дека изгаснати се пожари во повеќе региони низ земјата.
Во Скопскиот Регион пожарникарите интервенирале во општините Аеродром, Сарај, Петровец, Карпош и Кисела Вода каде гореле дрва, ниска вегетација и ѓубре.
Изгаснати се пожарите и во Новаци, Прилеп, Ресен, Струга и Кичево каде гореле ниска вегетација, депонија и стрништа.
Од ЦУК велат дека изгаснати се и пожарите во Босилово, Струмица и Кочани, како и во Старо Нагоричане, Куманово, Гостивар, Теарце и Тетово.
И во овие делови најчесто се интервенирало на запалена ниска вегетација, стрништа, ѓубре и диви депонии, а во неколку случаи биле зафатени и патнички возила.
