Активните пожари се во Општина Македонски Брод, кај селото Белица, кај селото Бигла во Општина Делчево, во пределот меѓу селата Могила и Беранци во Општина Могила и петтиот е во селото Врапчиште

Пет пожари на отворено сè уште се активни на територијата на државата од вкупно 33, колку што биле регистрирани вчера и на кои интервенирале противпожарните екипи, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во Општина Македонски Брод, кај селото Белица гори ниска вегетација и нискостеблеста шума, а на планината Серта кај Штип гори нискостеблеста и деградирана шума.
Според утринскиот извештај на ЦУК ниска вегетација и шума гори и кај селото Бигла во Општина Делчево, а ниска вегетација и стрниште гори и во пределот меѓу селата Могила и Беранци во Општина Могила. Петтиот активен пожар утринава, како што информираат од ЦУК, е селото Врапчиште каде што горат пасишта.
Преостанатите 28 пожари кои гореле вчера на територијата на државата се изгаснати.
Најмногу, според ЦУК, ги имало во околината на Општина Струмица, четири, и тоа во селата Костурини, Сачево, Просениково и кај месноста „Софилари“, каде што горела ниска вегетација.
Три пожари биле изгаснати во Општина Сарај, и тоа кај селата Кондово, Грчец и крај автопатот Скопје – Тетово.
