Tри пожари се под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари на отворено
До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари.

Активни пожари има кај селото Нивичино во Општина Василево, во селото Бешиште кај Прилеп, помеѓу селата Церово и Групчин во Општина Желино и два пожари на територија на Македонски Брод – кај селото Грешница и помеѓу селата Локвица и Крапа. Во петте активни пожари главно се зафатени мешана, нискостеблеста и деградирана шума, како и грмушки и ниска вегетација.
Три пожари се ставени под контрола и тоа – меѓу селата Царевиќ и Смолани во Општина Прилеп, кај селото Латово во Македонски Брод и во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија.
Вкупно 29 пожари на отворен простор се изгаснати:
- Маврово – Ростуше: с. Симница – с. Церово (мешана шума и нива)
- Тетово: кај фабриката Муневере (ниска вегетација)
- Гостивар: с. Дебреше (2 пожара – дива депонија)
- Велес: с. Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
- Куманово: с. Речица и с. Романовце (ниска вегетација)
- Куманово: с. Романовце и с. Речица – свињарска фарма (стрниште)
- Куманово: с. Лубодраг, с. Речица, градски гробишта (стрништа)
- Куманово: населба Средорек (ниска вегетација)
- Липково: с. Ваксинце (ниска вегетација и стрниште)
- Прилеп 1: с. Штавица – с. Чумово, с. Волково, с. Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
- Прилеп 2: с. Вранче (жито)
- Прилеп 3: с. Мажучиште (ѓубриште – дива депонија)
- Ресен: с. Шурленци – с. Езерани (трска и ниска вегетација)
- Кичево: с. Белица (ниска вегетација и грмушки)
- Струга: с. Велешта (ниска вегетација)
- Пласница: с. Пласница (ниска вегетација)
- Гази Баба 1: с. Црешево (ниска вегетација и мешана шума)
- Гази Баба 2: Парк-шума Гази Баба (ниска вегетација)
- Сарај 1: с. Семениште (ниска вегетација и мешана шума)
- Сарај 2: Кеј на р. Вардар (ниска вегетација и ѓубриште)
- Петровец: с. Горно и с. Средно Коњари (ниска вегетација)
- Штип 1: с. Лесковица (мешана нискостеблеста шума)
- Штип 2: ул. „Драги Иванов“ бр. 2, кај браната (ниска вегетација)
- Штип 3: м.в. Мирјанина Цркава (ниска вегетација)