Вкупно 18 пожари на отворен простор се изгаснати во последното деноноќие
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, четири се под контрола, а 18 пожари се изгаснати.

Активни пожари има кај селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини во Општина Василево, во прилепското село Бешиште, помеѓу селата Церово и Групчин во Општина Желино, кај штипските села Драгоево и Селце и помеѓу селата Локвица и Крапа во Македонски Брод. Во пожарите главно се зафатени нискостеблести и деградирани шуми, грмушки, ниска вегетација и сува трева.
Под контрола се четири пожари на отворен простор:
- Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
- Општина Македонски Брод – село Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);
- Општина Македонски Брод 1 – село Грешница (мешана шума и сува трева);
- Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума).
Во изминатото деноноќие изгаснати се 18 пожари:
- Општина Прилеп 1 – село Ново Лагово (ниска вегетација);
- Општина Прилеп 2 – населба Тризла (ниска вегетација);
- Општина Дебар – село Рајчица (нискостеблеста шума);
- Општина Боговиње – село Пирок (ниска вегетација);
- Општина Теарце – село Теарце (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Могила – село Српци и село Могила (ниска вегетација);
- Општина Куманово 1 – населба Средорек (ѓубре);
- Општина Куманово 2 – населба Карпош, ул. „154“ (ниска вегетација);
- Општина Куманово 3 – ул. „Никола Тесла“ (ниска вегетација);
- Општина Охрид 1 – ул. „Ариф Мустафа“ (ниска вегетација);
- Општина Охрид 2 – ул. „Стив Наумов“, место викано Тумба (ниска вегетација);
- Општина Петровец – село Огњанци (ѓубриште);
- Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (ѓубриште);
- Општина Илинден – село Бучинци (ниска вегетација);
- Општина Гази Баба – село Трубарево (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Босилово – село Старо Балдовци (ниска вегетација);
- Општина Велес – село Клуковец (ниска вегетација);
- Општина Кавадарци – село Дреново (ниска вегетација).