Од ЦУК велат дека денеска изгаснати се пожарите кај селата Врањовци, Лојане, Радање и Орланци

Четири пожари на отворен простор се уште се активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека денеска до 13 часот биле евидентирани осум пожари.
Активни се пожарите кај селото Бешиште во Општина Прилеп, каде гори квалитетна мешана шума. Активен пожар од ЦУК велат дека има и кај селото Црешнево, на местото викано Церо Поле, во Општина Македонски Брод. Тука гори деградирана дабова шума и грмушки.
Во Општина Чашка има шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, но од ЦУК велат дека моментално на оваа локација нема активен пламен, туку само чад на карпест дел.
Четвриот активен пожар е во Општина Велес каде гори ниска вегетација.
Од ЦУК велат дека денеска изгаснати се пожарите кај селата Врањовци, Лојане, Радање и Орланци каде во најголем дел горела ниска вегетација, ѓубриште, стрниште и површина посеана со жито.