Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, другиот дел од територијата на земјава е под висок ризик од пожари, а низок ризик има на подрачјата околу Шар Планина и други помалку загрозени региони
Централниот дел на државата и околината на градот Куманово се под многу висок ризик од појава на пожари – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавувајќи мапи на кои се детектирани горливите точки во земјата кои се соочуваат со потенцијална појава на пожари.

Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, останатиот дел од територијата на земјава е под висок ризик од пожари, а низок ризик има на подрачјата околу Шар Планина и други помалку загрозени региони.
„Метеоролошкиот индекс на опасност од пожари се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, а вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот“,
наведуваат од ЦУК.
Објавувајќи ја мапата со горливите точки, од ЦУК велат дека тие автоматски се детектирани преку сателитски сензори и укажуваат на потенцијални активни пожари или извори на топлина на територијата на државата.

„Детектирани се вкупно две горливи точки во околината на селото Николиќ, во општина Дојран Дежурниот Оперативен центар на ЦУК потврди појава на пожари на отворен простор на овие локации“,
Третата мапа се однесува на состојбата на сувост на вегетацијата, која, како што наведуваат од ЦУК, се мери преку сателитски податоци од системот на НАСА за информации за пожари за управување со ресурси.
Со црвена боја на мапата се означени местата со висока сувост на вегетацијата – во повисоките планински предели, што укажува на висока ранливост на вегетацијата и потенцијал за појава на пожари.

Жолтата боја ја означува средната сувост на вегетацијата, а ниската сувост е означена со зелена боја – во пониските предели, каде што ризикот од пожари е помал.