Пет пожари на отворен простор се под контрола, а 13 се изгаснати
На територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет пожари се под контрола, а 13 се изгаснати. Нема активни пожари.

Под контрола се пожарите во Долнени кај селата Долгаец и Стровија, во Општина Гази Баба кај депонијата Вардариште, во Општина Гевгелија на планината Кожуф, во Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ и во Општина Липково кај селото Никуштак.