Под контрола е еден пожар, а изгасени се 22 пожари
На територија на државата до седум часот утринава се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор од кои еден е под контрола, а изгасени се 22 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Нема активни пожари на отворен простор.

Под контрола е пожарот во Општина Гевгелија на планината Кожуф.
Изгаснати се вкупно 22 пожари на отворен простор:
- Општина Илинден: с. Кадино (ниска вегетација);
- Општина Гази Баба: Депонија Вардариште (ѓубре);
- Општина Кичево 1: с. Цер (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Кичево 2: с. Поповјани и Арангел (стрниште);
- Општина Кичево 3: с. Бичинци (ѓубре);
- Општина Струга: с. Долно Белица (ниска вегетација);
- Општина Тетово: Палма Мол (ниска вегетација);
- Општина Гостивар 1: с. Дебреште (ниска вегетација);
- Општина Гостивар 2: с. Чегране (ниска вегетација);
- Општина Гостивар 3: с. Чегране (ниска вегетација);
- Општина Гостивар 4: населба 6-та Зона (ниска вегетација);
- Општина Кривогаштани: с. Славеј (нискостеблеста вегетација);
- Општина Прилеп: с. Лагово (ниска вегетација);
- Општина Липково: с. Ропалце (стрниште);
- Општина Куманово: автопатот кон ГП Табановце (ниска вегетација);
- Општина Старо Нагоричане 1: с. Младо Нагоричание (ѓубре);
- Општина Старо Нагоричане 2: с. Сув Орах (ниска вегетација);
- Општина Зелениково: с. Орошани (ѓубре);
- Општина Липково: с. Никуштак (нискостеблеста деградирана и дабова шума).
- Општина Долнени с. Ропотово и Рилово (мешана шума);
- Општина Долнени: с. Долгаец – с. Стровија (нискостеблеста вегетација);.
- Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума).