Нема пожари под контрола, а изгаснати се вкупно 11
До 7 часот утринава не е регистриран ниту еден активен пожар во државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај. Нема ниту пожари под контрола, а изгаснати се вкупно 11.

Изгаснати се пожарите кај:
- Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума)
- Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација)
- Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума)
- Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
- Општина Долнени – с. Лажани (ниска вегетација)
- Општина Тетово – ул. 146 (сува трева и смет)
- Општина Врапчиште – с. Добри Дол (запалена нива)
- Општина Кичево – с. Цер (запалено ѓубре и ниска вегетација)
- Општина Кичево – с. Челопеци (ниска вегетација)
- Општина Делчево – с. Вратиславци (ниска вегетација)
- Општина Виница – над „Мебел Ви“ (ниска вегетација)
Претходните два дена од земјава си заминаа седумчлениот воздухопловен тим и хеликоптерот „блек хок“ од Чешка, како и тимот пожарникари од Словенија кои помагаа во гасење на пожарите во земјава, особено на пожарот на планината Готен од беровска страна.