Во Скопскиот, Полошкиот, Штипскиот, Охридскиот, Вардарскиот и Кумановскиот Регион нема нарушување на редовната состојба, а во Битолскиот Регион е регистриран покачен водостој на реката Драгор, но, како што велат од ЦУК, без опасност од нејзино излевање
И покрај обилните врнежи од дожд, состојбата во државата е стабилна и без значајни последици, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Скопскиот, Полошкиот, Штипскиот, Охридскиот, Вардарскиот и Кумановскиот Регион нема нарушување на редовната состојба. Во Битолскиот Регион е регистриран покачен водостој на реката Драгор, но, како што велат од ЦУК, без опасност од излевање.
Од ЦУК потсетуваат дека сообраќајот на македонско-грчката граница кај преминот „Богородица“ / „Евзони“ ќе биде блокиран од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот поради штрајк на грчките земјоделци.
