Последните информации од Галичник каде претпладнево изби голем шумски пожар од кој е зафатена борова шума над селото, се дека армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е веќе таму, но од Центарот за управување со кризи велат дека не може да дејствува, поади многу силниот и променлив планински ветер.

„Хеликоптерот (во овој момент) е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар“,
соопштија пред малку од ЦУК.
Информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.
Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, официјално барање на време за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.