Активен е пожарот кај Националниот парк „Јасен“ во Македонски Брод
До 9 часот утринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, а изгаснати се 21 пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот кај Националниот парк „Јасен“ во Општина Македонски Брод каде што гори мешана шума.
Изгаснати се 21 пожар и тоа:
- Општина Тетово: с. Озормиште и с. Тежето (ниска вегетација)
- Општина Струмица: с. Смолари (ниска вегетација)
- Општина Новаци: во близина на РЕК Битола (ниска вегетација)
- Општина Велес: с. Отовица (ниска вегетација)
- Општина Гостивар: кај фирма Мизраше (ниска вегетација)
- Општина Карбинци: с. Крупиште (ниска вегетација)
- Општина Битола: с. Братиндол (ниска вегетација)
- Општина Прилеп: Касарна Прилеп (ниска вегетација)
- Општина Прилеп: с. Дебреште (ниска вегетација)
- Општина Прилеп: с. Лопатица (ниска вегетација)
- Општина Куманово: до патарината КУ-СК (ниска вегетација)
- Општина Тетово: с. Слатино (ниска вегетација)
- Општина Јегуновце: с. Шемшово (ниска вегетација)
- Општина Гостивар: с. Симница (запалено ѓубре)
- Општина Тетово: кај железничка станица (запалено ѓубре)
- Општина Сарај: с. Радуша (ниска вегетација)
- Општина Ранковце: (ниска вегетација)
- Општина Кичево: с. Црвивци (ниска вегетација)
- Општина Валандово: Валандово (ниска вегетација и плантажа)
- Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација)
- Општина Студеничани: с. Малчиште (нискостеблеста вегетација)