Активни пожари, како што велат од ЦУК, има во Општина Долнени, кај селата Ропотово и Рилово, каде гори мешана шума, како и во Општина Липково, во близина на селото Никуштак, каде што гори деградирана нискостеблеста шума

Во земјава има 17 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а четири се под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари, како што велат од ЦУК, има во Општина Долнени, кај селата Ропотово и Рилово, каде гори мешана шума, како и во Општина Липково, во близина на селото Никуштак, каде што гори деградирана нискостеблеста шума.
Од ЦУК велат дека под контрола се пожарите во Општина Долнени, во селата Долгаец и Стровија, каде што гори нискостеблеста вегетација, како и приземниот пожар на планината Кожуф во Општина Гевгелија. Под контрола е и пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума.
Изгаснати се 17 пожари, во Кичево, Струга, Македонски Брод, Илинден, Гостивар, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Липково, Куманово и во Старо Нагоричане. На овие локации гореле деградирана ниска вегетација, стрништа, бали слама, депонија и ѓубре.
Во вечерната информација од ЦУК се вели дека е изгаснат и пожарот на депонијата „Вардариште“.