Активни пожари има во националниот парк „Јасен“ во Македонски Брод и во селото Малчиште во Општина Студеничани
До 18:30 часот попладнево на територија на државата се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор од кои два се активни, а изгаснати се 20 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во националниот парк „Јасен“ во Македонски Брод каде што е зафатена мешана шума и во селото Малчиште во Општина Студеничани каде што гори нискостеблеста вегетација.
Изгаснати се вкупно 20 пожари на отворен простор и тоа:
- Општина Тетово – с. Озормиште и с. Тежето (ниска вегетација)
- Општина Струмица – с. Смолари (ниска вегетација)
- Општина Новаци – во близина на РЕК Битола (ниска вегетација)
- Општина Велес – с. Отовица (ниска вегетација)
- Општина Гостивар – кај фирма „Мизраше“ (ниска вегетација)
- Општина Карбинци – с. Крупиште (ниска вегетација)
- Општина Битола – с. Братиндол (ниска вегетација)
- Општина Прилеп – Касарна Прилеп (ниска вегетација)
- Општина Прилеп – с. Дебреште (ниска вегетација)
- Општина Прилеп – с. Лопатица (ниска вегетација)
- Општина Куманово – до патарината КУ-СК (ниска вегетација)
- Општина Тетово – с. Слатино (ниска вегетација)
- Општина Јегуновце – с. Шемшово (ниска вегетација)
- Општина Гостивар – с. Симница (запалено ѓубре)
- Општина Тетово – кај железничката станица (запалено ѓубре)
- Општина Сарај – с. Радуша (ниска вегетација)
- Општина Ранковце – (ниска вегетација)
- Општина Кичево – с. Црвивци (ниска вегетација)
- Општина Валандово – Валандово (ниска вегетација и плантажа)
- Општина Тетово – с. Џепчиште (ниска вегетација)