Изгаснати се пожарите во Општина Ресен кај с. Долно Перово, во Општина Македонски Брод кај с. Латово и во Општина Кочани кај с. Нивичани и кај ДООЕЛ „Стоименов“
До 13 часот, на територија на државата, активни се шест пожари, а четири се ставени под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму додаваат дека евидентирани се вкупно 14 пожари.
„Активни се пожарите на планината Готен кај селото Нивичино, потоа кај селото Бешиште во општина Прилеп, кај селото Црешнево во општина Македонски Брод и меѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип. Остануваат активни и пожарите кај селото Јунузлија во општина Карбинци и кај селото Гумалево во општина Зелениково“,
соопштија од ЦУК.
Под контрола се пожарите меѓу селата Царевиќ и Смолани во општина Прилеп, меѓу селата Локвица, Крапа и Црешнево во општина Македонски Брод и исто така и кај селото Грешница, како и меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино.
Изгаснати се пожарите во Општина Ресен кај с. Долно Перово, во Општина Македонски Брод кај с. Латово и во Општина Кочани кај с. Нивичани и кај ДООЕЛ „Стоименов“.