Вкупно 27 пожари на отворен простор се изгаснати во изминатото деноноќие
Во изминатото деноноќие на целата територија на државата се регистрирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Шест од пожарите се активни, под контрола се пет, а изгаснати се 27 пожари.

Активни се пожарите кај селото Нивичино во Општина Василево каде што горат нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, кај селото Грешница во Македонски Брод каде што се зафатени мешана шума и сува трева, кај селата Локвица и Крапа во Македонски Брод каде што горат деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, кај селото Латово во Македонски Брод каде што горат грмушки и сува трева, кај селото Штавица кон селата Чумово, Волково и Прилепец во Прилеп каде што гори ниска вегетација и деградирана шума и помеѓу селата Церово и Групчин во Желино каде што гори нискостеблеста и деградирана шума.
Под контрола се пет пожари:
- Општина Ресен – село Шурленци до село Езерани (трска и ниска вегетација)
- Општина Дојран – село Николич (мешана шума)
- Општина Велес – кај село Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
- Општина Гостивар – село Симница (нискостеблеста и дабова шума)
- Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
Изгаснати се 27 пожари:
- Студеничани – сeло Студеничани (ѓубре)
- Шуто Оризари – село Визбегово (сува трева)
- Сарај – село Љубин (сува трева)
- Кисела Вода – ул. Мариовска (сува трева)
- Гази Баба – село Трубарево (сува трева)
- Прилеп – село Тројаци (сува трева)
- Долнени – село Горно Село (сува трева)
- Струмица – село Дабиле (стрниште и ѓубре)
- Гевгелија – село Прдејци (ѓубре и сува трева)
- Кичево – н. Осој (ѓубре)
- Велес – село Оризари (вегетација)
- Свети Николе – автопат Свети Николе – Штип (сува трева)
- Куманово – Индустриска зона (ниска вегетација и ѓубре)
- Куманово – село Речица (сува трева)
- Куманово – кај ресторан Аркус (сува трева)
- Липково – село Оризаре (сува трева)
- Липково – село Оризаре (повторно пријавен пожар)
- Старо Нагоричане – село Старо Нагоричане (отпад)
- Старо Нагоричане – Челопек (грмушки и сува трева)
- Старо Нагоричане – село Драгоманце (грмушки и сува трева)
- Кратово – село Железница (стрниште и сува трева)
- Кратово – кај филтер станицата (стрниште и сува трева)
- Брвеница – село Брвеница (ниска вегетација)
- Брвеница – село Теново (ѓубре)
- Желино – село Стримница (нискостеблеста шума)
- Гостивар – село Чајле (ниска вегетација)
- Гостивар – село Симница (ниска дабова шума)