Два пожари – кај Желино и во Долнени се под контрола, додека вкупно девет се изгаснати
Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот и 30 минути низ Македонија се регистрирани четири активни пожари, и тоа на следниве локации:
– Општина Чашка – над Богомила (гори мешана шума),
– Општина Куманово – с. Слупчане (запалена нискостеблеста шума),
– Општина Студеничани – с. Дречавица (шумски пожар во планински терен),
– Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума),
Два пожари – кај Желино и во Долнени се под контрола, додека вкупно девет се изгаснати.
За пожарот кај Желино денеска интервенираа два „ертрактори“.
Нов пожар избувна кај тетовско Желино, го гаснат два „ертрактори“