„Исплатени се средства на 156 лица, поделени во пет категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39 750 000,00 денари“, се вели во соопштението
Од 16 март до 16 јуни, Црвениот крст собра вкупно 153 931 166 денари или 2,5 милиони евра, средства за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани.

Како што соопштуваат од Црвен крст, со денешниот трансфер, извршена е исплата на 156 лица, а во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица.
„Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во пет категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39 750 000,00 денари“,
велат од Црвениот крст.
Во престојните денови, како што велат оттаму, ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица за кои треба да се обезбедат потребни документи, односно изјави и согласност за користење на личните податоци, со оглед на тоа дека истите не се опфатени со досегашните исплати.
„Вкупниот досегашен трансфер на средства на настраданите, заклучно со 17.06.2025 година изнесува 147 199 101 денари“,
пишува во соопштението.
Оттаму најавуваат отворање на Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани, кој ќе ги покрива потребите на населението во источниот дел на земјата.