„Интензивирањето на непријателствата во Газа значи повеќе убиства, повеќе раселување, повеќе уништување и повеќе паника. Газа е затворен простор од кој никој не може да избега… и каде што пристапот до здравствена заштита, храна и безбедна вода се намалува. Во меѓувреме, безбедноста на хуманитарните работници се влошува од час во час. Ова е неподносливо“, изјави портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Кристијан Кардон
Израелскиот премиер претходно во изјава за Скај њуз Австралија рече дека Израел има намера да го преземе целиот Појас Газа без оглед дали ќе има договор за прекин на огнот со Хамас
Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации предупредија дека претстои катастрофа во Појасот Газа доколку Израел ја спроведе офанзивата за преземање на градот Газа, пишува „Гардијан“.

Предупредувањето доаѓа откако израелската војска денеска им наложи на медицинските и хуманитарните групи на палестинската територија да се подготват за непосредно присилно раселување.
Во исто време, се засилува координираната кампања преку која повеќе земји жестоко реагираат на немањето слух кај властите во Тел Авиви за прекин на огнот во Газа и запирање на планот за изградба на нови населби на окупираниот Западен Брег.
Велика Британија е новата меѓу дваесетте земји кои новиот план на Израел за населување на Западниот Брег го оценија како кршење на меѓународното право.
Министерството за здравство на Газа денеска го отфрли повикот на израелската војска за раселување на персоналот на север пред воената офанзива за заземање на областа. Се наведува дека тоа би лишило повеќе од еден милион луѓе од правото на медицински третман и би ги изложило животите на жителите, пациентите и ранетите на непосредна опасност.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанајху за време на посетата на израелските војници вечерва објави дека ги одобрил плановите за преземање на градот Газа и наредил да се почне со итни преговори за враќање на заложниците што Хамас сè уште ги држи во Појасот.
„Во фаза сме на донесување одлуки. Денес дојдов во дивизијата Газа за да ги одобрам плановите што ми ги презентираа ИДФ… за преземање на градот Газа и пораз на Хамас… Во исто време, дадов инструкции да започнат итни преговори за ослободување на сите наши заложници и крај на војната под услови прифатливи за Израел. Овие две работи – поразот на Хамас и ослободувањето на сите наши заложници – одат рака под рака“,
рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер претходно во изјава за Скај њуз Австралија рече дека Израел има намера да го преземе целиот Појас Газа без оглед дали ќе има договор за прекин на огнот со Хамас.

Од друга страна семејствата на израелските заложници рекоа дека таквата операција би била смртна казна за нивните роднини.
Повикувајќи на итен прекин на огнот, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди за, како што кажа, масовни смртни случаи и уништувања што неизбежно би ги предизвикала воената операција на Израел во Газа.
„Интензивирањето на непријателствата во Газа значи повеќе убиства, повеќе раселување, повеќе уништување и повеќе паника. Газа е затворен простор од кој никој не може да избега… и каде што пристапот до здравствена заштита, храна и безбедна вода се намалува. Во меѓувреме, безбедноста на хуманитарните работници се влошува од час во час. Ова е неподносливо“, изјави портпаролот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Кристијан Кардон.
Хуманитарните организации велат дека Израел вложил занемарливи напори за зголемување на хуманитарната помош на ниво што му е потребно на населението во Газа.
Ова предизвика реакција од францускиот претсдател Емануел Макрон претходно оваа недела кој предупрди на опасноста од, како што рече, вистинска катастрофа.
Спротивставувањето на новата воена операција одобрена од израелското раководство во последните денови расте, како во Израел така и на меѓународно ниво.
Семејствата на израелските заложници денеска одржаа прес-конференција на која ги повикаа властите во земјата да се согласат на договор за прекин на огнот, што веќе е прифатен од Хамас и палестинскиот исламски џихад, што би овозможило ослободување на половина од 20-те преживеани заложници.
„На маса е договор што би можел да ги спаси животите на заложниците и да ги врати мртвите за соодветен погреб. Хамас се согласи, но канцеларијата на премиерот работи тоа да го саботира… Не можете да водите 22-месечна војна чија единствена цел е да се зачува политичката моќ“,
ја пренесува „Гардијан“ изјавата на Лишај Миран Лави, чиј сопруг, Омри, се смета дека е сè уште жив во заробеништво во Газа.
Израелската војска ноќеска го бомбардираше градот Газа, еден ден откако беше објавен повик за мобилизација на 60 000 резервисти за планираната офанзива на градот Газа.

Повикувањето на резервистите, според „Гардијан“ најверојатно ќе трае со недели, што ќе им даде време на медијаторите да се обидат да ги премостат разликите околу предлогот за прекин на огнот, на кој израелската влада сè уште официјално не одговорила.
Предлогот, кој е во согласност со планот изготвен од специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, повикува на 60-дневен прекин на огнот и ослободување на 10 живи заложници што ги држат милитантите на Хамас и на 18 тела. За возврат, Израел треба ќе ослободи околу 200 палестински затвореници.