Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107 449 101 денари, а прeостанатите средства во висина од 46 593 866 денари, како што информираат од Црвениот крст, ќе бидат навремено распределени согласно направените процени од стручни институции кои се однесуваат на тежината на повредите, прогнозите за времетраење на лекувањето и потребите на повредените
Црвениот крст на Македонија информира дека досега се собрани вкупно 156 542 967 денари, односно 2,5 милиони евра – средства за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани. Оттаму информираат дека заклучно со денеска во неколку наврати е извршена исплата на семејствата погодени од трагедијата.

„Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52 038 593 денари. За настраданите лица од пожарот што се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44 163 258 денари, а за настраданите што се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11 247 250 денари. Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107 449 101 денар“,
се наведува во соопштението на Црвениот крст.
Преостанатите средства во висина од 46 593 866 денари, како што информираат од Црвениот крст, ќе бидат навремено распределени согласно направените процени од стручни институции кои се однесуваат на тежината на повредите, прогнозите за времетраење на лекувањето и потребите на повредените.
Организацијата упати благодарност до сите досегашни донатори и за оние што и натаму донираат со цел поддршка за настраданите во пожарот и нивните семејства.