Досегашната авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ од 26 декември престана да постои, откако Владата одлучи да не го поддржува повеќе нејзиното постоење
Црногорскиот министер за финансии и социјална грижа Милојко Спајиќ ги повика граѓаните да предлоѓат име и лого за новата национална авиокомпанија што ќе се формира, по згаснувањето на „Монтенегро ерлајнс“ (МА) пред крајот на минатиот месец.
„Требаше брзо да реагираме за да заштедиме максимум од МА, но името, логото, дизајнот може да се променат и ги замолуваме сите што ја имаат оваа приказна во нивните срца да испратат предлози на: [email protected]“,
напиша Спајиќ на Твитер.

Новата влада започна постапка за формирање нова национална авиокомпанија„ ТоМонтенегро ДОО“ со почетен капитал од 30 000 000 евра, кои се обезбедени преку рационализација на досегашното недомаќинско трошење, при што се собрани 4 милиони евра, објави Спајиќ.