Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ порача дека со ова се затворени 14 од вкупно 33 поглавја во преговорите меѓу Црна Гора и Европската Унија, со што земјата е сè поблиску до целосно поврзување со Унијата. Станува збор за Поглавјето 21 за трансевропските мрежи, кое, како што рече Спајиќ, создава услови за подобрување на развојот на транспортните, енергетските и телекомуникациските системи согласно со европските стандарди
На вчерашната Меѓувладината конференција со ЕУ во Брисел, Црна Гора привремено го затвори преговарачкото Поглавје 21 кое се однесува на трансевропските мрежи. Со ова, бројот на затворени поглавја изнесува 14 од 33.

Европската комесарка за проширување Марта Кос порача дека Црна Гора е најнапредна во процесот на пристапување кон ЕУ и дека нејзината напорната работа и посветеност ќе се исплатат. Рече дека е уверена оти со силна политичка волја и посветеност, Црна Гора ќе продолжи со одлично темпо.
„Да нема забуна, драги мои пријатели во Црна Гора, го затвораме Поглавјето 21 од Трансевропските мрежи. Честитки до сите во Црна Гора. Европската комисија целосно ве поддржува во одржувањето на овој моментум“,
рече Кос на прес-конференцијата, додавајќи дека земјата мора да го зајакне владеењето на правото, да работи на зајакнување на независното и професионално судство и да ја усогласи својата визна политика со ЕУ.
Montenegro is the most advanced candidate country on the road to the EU.
— Marta Kos (@MartaKosEU) March 17, 2026
Today we closed another negotiation chapter, bringing the total to 14.
But much work still lies ahead. Now is the moment to keep up the pace of reforms, with a strong focus on the rule of law. pic.twitter.com/HC4bg7zA8W
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ истакна дека е затворено 14. од вкупно 33 поглавја во преговорите меѓу Црна Гора и Европската Унија, со што земјата е сè поблиску до целосно поврзување со Унијата. Додаде дека затворањето на Поглавјето 21 создава услови за подобрување на развојот на транспортните, енергетските и телекомуникациските системи во согласност со европските стандарди.
„Инфраструктурата значи поврзување на луѓето, економијата, можностите и идеите. Во оваа смисла, денешниот чекор претставува многу повеќе од самото поврзување, тоа е знак дека Црна Гора и нејзините граѓани сè повеќе се интегрираат во ткивото на Европската Унија“,
рече Спајиќ.
