Планирано е покрај сите мерки за оддалеченост и дезинфекција, дополнително следење на квалитетот на морска вода на секои десет дена на повеќе од 100 места во Црна Гора
Црна Гора се подготвува за летната туристичка сезона, при што е планирано плажите да бидат отворени на 18 мај, но под одредени услови.
Директорот на Јавното претпријатие „Морско добро“, Предраг Јелушиќ, преку „Скајп“ за тамошна телевизија изјави дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е добра, дека здравствениот систем на земјата добро се справил со ситуацијата и дека се подготвени да спроведат голем број мерки, со кои се подразбира физичко растојание на плажите, во просториите и во рестораните. Предлогот за предвидените мерки е испратен до надлежните институции.
„Ова се нови стандарди и мислам дека сите совесно можеме да ги примениме за да ги направиме нашите гости да се чувствуваат удобно и безбедно. Очекуваме плажите да се отворат на 18 мај, според новите стандарди, со поголемо растојание помеѓу лежалките на плажа, со почеста дезинфекција. Планирано е дека покрај сите мерки за оддалеченост и дезинфекција, дополнително следење на квалитетот на морска вода на секои десет дена на повеќе од 100 места во Црна Гора“,
додаде тој.
На прашањето дали ќе има покачување на цените поради дополнителните мерки, Јелушиќ рече дека очекува дури и спротивен ефект.
„Сите сега повикуваме на солидарност, затоа очекуваме концесионерите да имаат разбирање во однос на цените. Јасно е дека оваа година не можеме да исполниме некои од планираните очекувања, така што ќе понудиме попристојни цени“,
најави Јелушиќ.