Рестриктивните мерки кои се на сила во земјата веќе три недели, најверојатно ќе продолжат до средината на декември
Во изминатите 24 часа, во Грција починаа 108 лица од ковид-19, што е нов рекорд на смртни случаи на дневно ниво во земјата, јавиМИА од Атина.
Приклучени на апарати се 522 пациенти, односно тројца повеќе од вчера.
Во однос на новозаразените, во споредба со вчера и завчера, бројот е денеска е намален, при што регистрирани се 2 311 нови случаи, од кои 606 се во Солун и 382 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 90 121 лица заразени со коронавирусот, а починаа 1 527 лица.
Портпаролот на грчката Влада вчера најави дека рестриктивните мерки кои се на сила во земјата веќе три недели, поради лошата состојба, најверојатно ќе продолжат до средината на декември.