Најмладата жртва е на 37 години, а најстариот починат на 82-годишна возраст
Новодијагностицирани се 913 лица или 33 отсто од вкупно 2 731 тестирани
Дваесет и четири лица починаа во изминатото деноноќие како последица на ковид-19 во земјава, додека регистрирани се 913 новозаболени, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Починатите се на различна возраст, при што најмладата жртва е на 37 години, а најстарата на 82-годишна возраст, и тоа од девет града: двајца од Скопје (77 и 67г), еден од Куманово (59г), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45г), тројца од Велес (82, 78 и 82г), двајца од Битола (80 и 62г), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68г), двајца од Гостивар (66 и 68г), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61г) и еден пациент од Пробиштип (69г).
Од направени 2 731 тестирања, регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-459, Куманово-25, Дебар-1, Штип-18, Прилеп-78, Тетово-44, Струга-11, Велес-79, Битола-33, Охрид-37, Кавадарци-24, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-4, Делчево-10, Кратово-5, Свети Николе-9, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти од: Скопје-199, Куманово-18, Штип-15, Прилеп-25, Тетово-25, Струга-6, Велес-11, Битола-7, Охрид-14, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-16, Струмица-26, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-1, Свети Николе-7, Кичево-7, Неготино-4.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33 908, на оздравени 21 665, на починати е 1 049, а бројот на активни случаи изнесува 11 194.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 14 735, активни 5 304• Куманово 2 391, активни 473• Дебар 347, активни 55• Штип 1 746, активни 309• Прилеп 1 520, активни 615• Тетово 2 374, активни 653• Струга 848, активни 115• Велес 924, активни 505• Битола 774, активни 324• Охрид 773, активни 278• Кавадарци 571, активни 248• Гостивар 1277, активни 251• Гевгелија 419, активни 187 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1038, активни 564• Крива Паланка 255, активни 103• Радовиш 254, активни 88• Крушево 35, активни 13• Кочани 758, активни 230• Пробиштип 214, активни 71• Демир Хисар 87, активни 20• Македонски Брод 106, активни 9• Пехчево 60, активни 8• Берово 221, активни 53• Валандово 112, активни 40• Виница 194, активни 77• Делчево 273, активни 118 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 67, активни 37• Свети Николе 503, активни 93• Кичево 600, активни 188• Ресен 256, активни 71• Неготино 176, активни 94 (19 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 2 731 теста се преку: ИЈЗ-700, ЦЈЗ Скопје-77, Авицена-472, Биотек-417, МАНУ -280, Жан Митрев (Филип Втори) -380, Систина со PCR метода -143, лабораторија Лаор –65, Судска медицина-29, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-9, Синлаб-66, Ремедика-38.
Досега во земјата се направени вкупно 255 904 тестирања на ковид -19.
