Надлежните велат дека фабриката се наоѓа во индустрискиот блок во Велес, а противпожарните служби се на терен. Од ДЗС информираа дека нема информации за повредени и жртви. Засега нема информации ниту за причините за избувнувањето на пожарот

Голем пожар вечерва избувнал во фабриката „Мирана“ во Велес, потврдија вечерва и од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Надлежните велат дека фабриката се наоѓа во индустрискиот блок во Велес, а противпожарните служби се на терен.
„Во Велес кај индустрискиот блок опожарена е фабриката ‘Мирана’. По барање на ТППЕ Велес, исклучена е струјата во фабриката. Единиците за гаснење на пожарот се на терен“,
вели директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, дополнително информираше дека нема информации за повредени лица при пожарот.
Инаку, дел од медиумите објавуваат дека огнените јазици се идигаат високо во воздухот, а црн чад и силна смрдеа се чувствуваат низ целиот град.
Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот.
Инаку, со едноставно пребарување на името „Мирана“ на интернет се доаѓа до интернет-страницата на фирмата од Велес на кој пишува дека произведува наменски и маргарини за широка потрошувачка, како и кечап, мајонез, преливи, сенф, оцет и друго.