Речиси сите нови случаи на ковид-19 регистрирани во последното деноноќие од страна на Центарот за јавно здравје Куманово се од Општина Липково.
Од вкупно 12 заболени , 10 нови случаи се од Општина Липково, а двајца се од Општина Куманово, информираше директорот на здравствената установа Ариф Љатифи. Тој рече дека и починатиот пациент на 71 година е од Општина Липково.
„Интензивно се вршат тестирања, се земаат брисеви, мобилните екипи се на терен. Досега на подрачјето на Липково има 50-тина активни случаи од вкупно 114 заболени. Заболените се од познати кластери. За разлика од Куманово, во Липково има поинтензивни семејни врски. Во еден двор може да има по четири до пет куќи, дворовите се поврзани, тоа придонесуваше за ширење на вирусот“,
изјави Љатифи.
Од Општина Липково велат дека прават напори за јакнење на свеста кај граѓаните за почитување на мерките против-19.
