Вредносно најголем склучен договор за изборите 2024 година, според истражувањето, е за транспорт и сместување на членови на изборните органи (ИО) во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за избори, склучен со Друштво за туризам, промет и услуги „Њу вејс оф травел“ ДООЕЛ Скопје во вредност од 50 милиони денари (813 илјади евра)
Тендерите на Државната изборна комисија (ДИК) за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 година (претседателски избори) и 2020 година (предвремени парламентарни избори).
Ова се дел од резултатите од истражувањето за изборите и јавните набавки што го спроведе Центарот за граѓански комуникации, според кое вредноста на договорите за јавни набавки склучени за спроведување на претседателските избори 2019 година изнесуваа 90 546 430 денари, а на парламентарните 2020 година – 75 868 732 денари, што е вкупно 166 415 162 денари, односно 2 705 938 евра.
„Бројот и вредноста на склучените договори за јавни набавки поврзани со изборите 2024 година можат и да се зголемат во следниот период. Согласно информациите расположливи на Електронскиот систем за јавни набавки, ДИК има иницирано уште неколку постапки за кои сè уште не се објавени известувањата за склучување на договорите. Станува збор за набавките на: ‘сигурносни нумерирани пластични ленти за запечатување на гласачки кутии и вреќи за транспорт‘, ‘софтверско решение за сумирање и објава на изборни резултати‘, ‘превод на гласачкиот материјал‘ и ‘хотелски услуги потребни за организација и спроведување на изборниот
се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
процес‘,
Според резултатите од истражувањето, првпат во овој изборен циклус ДИК склучила четири рамковни договори со период на важност од 36 месеци во кои е наведено дека ги опфаќаат не само изборите 2024, туку и локалните избори 2025 година, евентуално непосредно изјаснување на граѓаните на државно ниво или спроведување на
некој вид евентуален изборен процес кој не е предвиден во текот на 2024 и 2025 година.
Како што стои во соопштението од Центарот за граѓански комуникации, истражувањето покажало дека гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи.
Вредносно најголем склучен договор за изборите 2024 година, според истражувањето, е за „транспорт и сместување на членови на изборните органи (ИО) во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за
избори“, склучен со Друштво за туризам, промет и услуги „Њу вејс оф травел“ ДООЕЛ Скопје во вредност од 50 милиони денари (813 илјади евра).
„Договорот опфаќа транспорт и сместување на по најмногу 8 лица на 31 дестинација во светот. Поради високата вредност, оваа тендерска постапка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.
пишува во истражувањето.
Во текот на контрола се дадени одредени насоки до ДИК, но и во повторната евалуација на понудите, за најповолна е избрана понудата на ‘Њу вејс оф травел‘. Инаку, проценетата вредноста на тендерот е за 9 милиони денари повисока од вредноста на склучениот договор“,
Договорот за транспорт и сместување на членовите на изборните органи во дипломатско конзуларните претставништва, според истражувањето, е повисок дури и од договорот за изработка и печатење на доверливиот изборен материјал што изнесува 46 милиони денари (748 илјади евра) склучен со Акционерско друштво печатница „Киро Дандаро“ заштитно друштво Битола.
„Овој договор е склучен преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас. Оваа нетранспарентна постапка, со одобрение на Бирото за јавни набавки, е применета откако во претходна постапка за која бил објавен оглас се донела одлука за поништување. Вистинската причина за поништувањето не е јавно објавена бидејќи во Известувањето за поништување на постапката е наведено образложение ‘бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвидени за постапката за јавна набавка‘. Но, Законот за јавни набавки не предвидува минимален број на понудувачи во отворена постапка, каква што била применета во случајот. Инаку, за печатење на доверливиот изборен материјал се преговарало само со печатницата ‘Киро Дандаро‘“,
велат од Центарот за граѓански комуникации.
Третиот по големина договор, според истражувањето, е склучен во постапка со преговарање без претходно
објавување оглас со фирмата „Дермалог идентификејшн систем ГмбХ“ за приспособување имплементиран интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите.
Дури 41 отсто од вредноста на договорите за јавни набавки, како што стои во истражувањето, се склучени во постапките со директно преговарање со понудувачите, без оглас.
Во групата на фирми кои традиционално ги добиваат тендерите на ДИК се издвојуваат три фирми.
„На врвот е Печатница ‘Киро Дандаро‘ Битола која ги добива договорите за печатење на
се вели во истражувањето.
доверливиот изборен материјал. Потоа, следи Друштвото за вработување на инвалидни лица, издавачка дејност, производство, трговија и други ‘Винсент графика Жељко‘ и други ДОО експорт импорт Скопје. Трета фирма, која без исклучок во секоја изборна година е носител на договор со ДИК е ПР Агенцијата ‘Идеа лаб – ДЕ’ Скопје“,
Во годините кога има парламентарни избори, според Центарот за граѓански комуникации, вредноста на јавните набавки во земјата достигнува рекордно ниво.