Војната го предизвикува најголемиот прекин во снабдувањето со нафта во историјата на глобалните пазари, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија, еден ден откако одобри ослободување на рекордни 400 милиони барели нафта од стратегиските резерви
Цените на нафтата денеска нагло пораснаа при што нафтата од типот „брент“ (Brent Crude) се стабилизира на над 100 долари за барел за првпат од август 2022 година откако новиот врховен водач на Иран изјави дека Ормускиот Теснец мора да остане затворен.

Цената на нафтата „брент“ скокна за 9,2 отсто на 100,46 долари по барел, додека нејзиниот американски еквивалент, „вест тексас интермедиат“ (West Texas Intermediate), се искачи за 9,7 отсто на 95,73 долари за барел.
Војната го предизвикува најголемиот прекин во снабдувањето со нафта во историјата на глобалните пазари, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија, еден ден откако одобри ослободување на рекордни 400 милиони барели нафта од стратегиските резерви.
