Од РКЕ донесоа одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 отсто во однос на вчерашната одлука, со што цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло денеска нема да се менуваат. Од полноќ единствено цената на мазутот се намалува за еден денар за килограм
Цените на бензините и дизелот остануваат исти и денеска нема да се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која донесе Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 отсто во однос на вчерашната одлука.
Според одлуката, цените на бензините, дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, односно од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: еуросупер БС – 95 ќе се продава за 90,50 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе чини 92,50 денари за литар, дизел горивото БС (Д-Е V) ќе се продава за 87,00 денари за литар, а екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе чини 85,00 денари за литар.
Според одлуката на РКЕ, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,154 денари за килограм и сега ќе изнесува 52,694 денари,
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,133 проценти, кај дизелот има намалување за 0,701 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,721 проценти и кај мазутот има намалување за 0,533 отсто“,
соопшти РКЕ.
Од Комисијата напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од вечерва по полноќ и посочуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.