Според последните податоци, цената на суровата нафта WTI падна на 81 долар за барел, додека „брент“ се спушти на 84 долари за барел

Еден ден откако цените на нафтата достигнаа четиригодишен максимум, последен пат забележан кога Русија ја нападна Украина, тие паднаа под 100 долари за барел – но сепак се повисоки од опсегот од приближно 60-70 долари пред војната со Иран, пишува Си-ен-ен.
Падот на цената на нафтата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп даде временска рамка за војната. Тој рече дека нападот врз Иран е речиси завршен, нарекувајќи го „краткотрајна епизода“ во борбата против злото.
Според последните податоци цената на суровата нафта WTI падна на 81 долар за барел, додека „брент“ се спушти на 84 долари за барел.
Во понеделникот, цената на нафтата достигна и до 119 долари по барел, а последен пат тоа се случи по руската инвазија на Украина.
Трамп вели дека војната ќе заврши со намалување на цените на нафтата на долг рок и оти размислува да ја преземе контролата врз Ормутскиот Теснец, клучен за глобалните испораки на нафта и гас, кој во голема мера е блокиран од Иран.
