На барање на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се воведува целосна забрана за движење на Водно и Скопска Црна Гора поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов.
Забраната за движење ќе важи од денеска 3 август.
„Апелираме до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Воедно доколку забележите пожар ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на телелефон 193 или во Центарот за управување со кризи, на 195“,
информираат од Град Скопје.
Владата донесе одлука за целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката и таа одлука стапува на сила веднаш.
Влада: Стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели